„Ваш глас, Ваше гнездо -Шанса за Се’ да Си дојде на Место“
Се согласуваме – никој не ги сака состаноците. За многумина делуваат како губење време, а најчесто завршуваат во бескрајни расправии без конкретен резултат. Но, што ако го промениме тоа? Што ако состаноците станат продуктивни, корисни, и – најважно од сѐ – доброволни?
Со новата опција на Ул. Моето Маало, месечните состаноци се наменети само за оние кои имаат нешто да кажат, да предложат, или едноставно сакаат да си го подобрат секојдневниот живот во зградата. Овие состаноци не се обврзувачки за секој станар, туку претставуваат платформа каде што можеме да ги слушнеме вашите грижи, идеи или да ви помогнеме со проблемите кои ви се насобрале.
Комуникацијата е клучна. Со редовни, но ненаметливи состаноци, веруваме дека може да се решат многу проблеми пред да прераснат во нешто поголемо. Секој кој сака може да дојде, да праша што го мачи, да предложи нешто ново или дури и сам да се вклучи во процесот на подобрување на зградата. Вие не само што ќе имате глас, туку и реална шанса да ги оформите идните чекори за вашата заедница.
Ајде да се собереме, не само кога ќе се појави проблем, туку и за да го спречиме да настане.
Зошто Оваа Услуга е Клучна?
Живееме во време кога сите сме брзи, но одвојувањето време за дискусија и планирање е најдобриот начин за обезбедување на долгорочен мир и ред во вашата зграда. Овие состаноци ќе поттикнат подобра грижа за заедничките простории и одржување, а со тоа и вашиот дом ќе блесне одвнатре и однадвор.
Живееме во време кога сите сме брзи, но одвојувањето време за дискусија и планирање е најдобриот начин за обезбедување на долгорочен мир и ред во вашата зграда. Овие состаноци ќе поттикнат подобра грижа за заедничките простории и одржување, а со тоа и вашиот дом ќе блесне одвнатре и однадвор.
Вклучете се!
Не чекајте проблемите да растат, преземете иницијатива и дојдете на нашите состаноци – ве очекуваме да не’ известите како можеме заеднички да ја направиме вашето станбена заедница - место во кое сите со гордост ќе живеете.